Skip to main content

ОСУ „Св. Климент Охридски“ во новата учебна година ќе работи во една смена

Охридската гимназија со нов концепт за работа.
 |  инфодеск  | 
Гимназија Охрид

 Од ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид за новата учебна година најавуваат нов концепт, работа во една смена.

Најава за новини во работењето на училиштето: работење во една смена за учениците од I до IV година, информираа од Гимназијата.

Оттаму додаваат дека успешно е завршено првото пријавување на идните гимназијалци, а второто е на 1. и 2. јули, до 15:00 часот.

Доставување на документи во Гимназијата на 1. јули во периодот од 07:00 до 17:00 часот и на 2. јули 2024 година од 07:00 до 15:00 часот.