Осум години лаги и манипулации
Осум години лаги и манипулации. Ветени а нереализирани проекти. Ова е владеењето на Александар Петрески, обвини Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Согледувајќи ги изминатите осум години од работењето на Александар Петрески и СДСМ во Охрид можеме да кажеме дека тоа беше време на лаги измами и бесмислени манипулации, рече денес на пресс конференција Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовиоте на ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека доколку Петрески ги негира обвинувањата за нереализираните ветувања тие се тука да го потсетат што се ветил, а неостварил.
Дел од лажните ветувања се и реализацијата на програмата за рурален туризам, изградбата на современ пазар и современа автобуска станица како и изградба на регионален дом за стари лица, подвлече Шокаровски.
Шокаровски рече дека Петрески се обидува со нелегални договори за дело да ги купи гласовите на сограѓаните
Пратеникот рече дека охриѓани нема да дозволат повторно да бидат измамени и изманипулирани, а нема да заборават и на лажните ветувања дадени од страна на Петрески.
{loadposition content9}