Skip to main content

Со 8 илјади садници ќе се пошуми Охрид

Промотивната кампања на традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ денес ја сефтоса градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, заедно со претставници на двата универзитети, локалната и ЈП Охридски Комуналец. Тој ги повика охриѓани масовно да се вклучат во акцијата која годинава ќе се спроведе кај месноста Мазатар, под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“

 |  Николоска Биљана  | 
palma
палма

skrceskaГрадоначалникот Никола Бакрачески, првите луѓе на охридските универзитети, претставници од Локалната самоуправа, од денес ја започнаа промотивната кампања на акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“. На потегот кај Холандскиот парк беа засадени првите десеттина палми од предвидените 70 кои треба да го красат централното градско подрачје. Првиот човек на градот ги повика охриѓани масовно да земат учество во акцијата  и укажа на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот биосвет.

„Ние како општина Охрид од денес активно се вклучуваме во оваа акција и упатуваме повик, односно апел до граѓаните на општина Охрид што помасовно да се вклучат во оваа акција затоа што и самите знаеме дека зеленилото, односно шумите и дрвата се народно кажано белите дробови на секоја околина каде што живеат луѓе и за нас ова е општествено корисна работа кон која што треба да пристапат што помасовен број на луѓе. За таа цел утре 27 ноември во оштина Охрид кај месноста Мазатар блиску до црквата Св Спас во Лакочереј ќе се засадат 8 илјади садници претежно чемпрес и кедер.“

konjanoskaПалмите кои е предвидено да се засадат во централното градско подрачје на Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, ги набавило од Дојран. Директорката на охридскот комунално претпријатие Елена Скрческа изјави дека претпријатието секоја година е директен учесник во ваквите акции, а целта е позната.

„Денешниот ден нека биде поттик за секој граѓанин од општина Охрид со своето учество сам да допринесе и да биде учесник во акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Првите луѓе на двата охридски универзитети „Св Апостол Павле“ и „Св Климент Охридски“ за денот на дрвот кажаа дека е посебен празник.

„Сите празници го слават минатото овој празник ја слави иднината. Убаво е да се сади дрва, да го парафразирам големиот Калил Жибрант. rektor„дрвата се песни што земјата ги пее на небото“ и да завршам со една кинеска поговорка „најдобрата прилика да се посади дрво е пред 20 години, втората најдобра прилика е денес, не ја пропуштајте. И факултетот со големо задоволство се приклучува кон ваквите акции кои што се исклучително важни не само за денешните генерации и за идните, но се разбира ако Охрид предира да биде туристички центар, град, таков град без зеленило не може да има такви претензии што повеќе зеленило што повеќе дрва во нашата околина тоа ќе биде богатство за нас но и богатство за оние кои ќе го гледаат овој прекрасен град“.

Првата акција „Ден на дрвото“ беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, по што акцијата стана традиционална и досега засадени се над 50 милиони шумски садници. Годинава ќе се спроведе 12 тата акција по ред а акцентот е ставен на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет.

{loadposition content9}