Skip to main content

МВР

Осум лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум

Во судирот на три возила со тешки телесни повреди се здобила 70 годишна жена од Црна Гора.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

Жена од Црна Гора се здоби со тешки повреди, а уште седуммина се повредени во сударот меѓу три возила, со српски, црногорски и со охридски регистарски таблици на регионалниот пат Охрид- Св. Наум .

На 01.01.2024 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Р.Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Р.Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид информираше МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И.(70) од Р.Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.