Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј
Oсветени конаците во манастирот Св. Спас во Горно Лакочереј.
Христијанските верници денес го празнуваат Вознесението Христово. Во Горно Лакочереј беше преосветена манастирската црква во манастирот Св Спас. По светата архиерејска литургија Владиката Тимотеј ги освети и новоизградените конаци. Убаво уредниот простор околу манастирот со сите придружни објекти беше исполнет со голем број верници. Меѓу бројните посетители беше и охридскиот градоначланик Никола Бакрачески со неговите соработници и директори на неколку јавни претпријатија.
Манастирскиот амбиент сместен во зеленилото на околната шума, дишеше со духовност и смирение. Посетителите не останаа рамнодушни на убавата околина и изградените конаци.
Манастирот Вознесение Господово во Горно Лакочереј сместен во прекрасна околина датира од 14 век. Верниците често го посетуваат храмот и бараат духовен мир, но најпосетен е на истоимениот празник, кој го менува датумот, но не и денот, а се слави шест недели после Велигден. Црковниот одбор од Горно Лакочереј постојано се труди да го оплеменува и да го направи манастирскиот комплекс што попривлечен за верниците. Со средства од Митролопијата се изградени конаци со 15 соби и сала за свечености со капацитет од 300 гости, вели Александар Крстев благајник на Црковниот одбор.
„ Неговото значење за Горно Лакочереј е огромно. Посебно последните години кога во тренд е манастирскиот туризам и руралниот туризам. Со новите конаци сме подготвени да ги примиме туристи од кои бенефит ќе имаат сите селани од околината и од Горно Лакочереј“, напоменува Крстев.
На годинешнот прославување на празникот Христово вознесение имаше и тројца кумови, Александар Попоски, Иво Јованоски и Александар Трајкоски кои се погрижија празникот да биде што посвечено одбележан. Празнувањето започна од синоќа кога верниците ги забавуваше естрадниот уметник Јордан Митев.