Skip to main content

Осветлени бистите на Григор Прличев во Охрид

Благодарение на ЛК „Лихнидос“ осветлени се обележјата на Григор Прличев во Охрид, бистата пред градската библиотека, во центарот на градот и основното училиште кое го носи неговото име, како и родната куќа и неговото вечно почивалиште.

 |   | 

Благодарение на ЛК „Лихнидос“ од синоќа осветлени се обележјата на Григор Прличев во Охрид, бистата пред градската библиотека, во центарот на градот и основното училиште кое го носи неговото име, како и родната куќа и неговото вечно почивалиште.

Осветлувањето на Прличевите спомен – обележја е дел од проектот „Охрид – град на светлината“. На овој начин клубот „Лихнидос“ изразува длабока почит кон големиот македонски поет, писател и преродбеник од XIX век – изјави проф. д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.