Skip to main content

Батериска ламба

Батериска ламба в џеб  в џеб за сите оние кои навечер ќе се движат по улицата „Прва македонска ударна бригада“. Овој дел од градот е потонат во мрак бидејќи не работи уличното осветлување. Граѓаните се жалат, а од Фондот за комунален развој велат дека работат на случајот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
prva makedonska udarna brigada
прва македонска ударна бригада

Граѓаните кои живеат на дел од улицата „Прва македонска ударна бригада“ пред да излезат навечер надвор од своите домови обавезно си земаат батериска ламба. Оваа сообраќајница е  опасна по живот бидејќи по неа се движат голем број возила,  нема тротоар, а нема и  улично осветлување. Ако жителите сами не си го осветлат патот не им се гледа прст пред око. Неколкуте бандери на кои се поставени светилките кои се прегорени се дополнителен проблем бидејќи се наоѓаат на самиот коловоз. И учениците кои учат во ОУ “Христо Узунов“ кога се попладне нашколо мора дома да си одат во темница. Граѓаните мака мачат со овој долгогодишен проблем.осветлување


Темно е ништо не се гледа навечер. Вака веќе неможе. И децата се плашат кога се враќаат од училиште, вели еден револтиран жител од оваа улица.


-Моите внуки учат во „Христо Узунов“. Секоја вечер треба некој да ги чека се плашат да си дојдат дома зошто по улицата е темно, вели друг жител.

Граѓаните од „Прва македонска ударна бригада“ кажуваат дека повеќе пати се обратиле до Локалната самоуправа, но досега нема никаков епилог. Од Локалната признаваат дека имаат поплаки за уличното осветлување во овој дел на градот. Одговорот од таму и за овој комунален проблем сувопарен и неконкретен. osvetluvanje


Промената на уличното осветлување се одвива со зацртаната динамика. Конкретно на оваа улица дел од светилките веќе се променети, а дел ќе се сменат во периодов што следи, велат од Фондот за комунален развој.


Ова не е единствен проблем од ваков вид. Улично осветлување нема или има само делумно и низ другите делови на градот. Се жалат и жителите на Булевар „Туристичка“ дека повеќето светилки не светат. Слабо е осветлен и делот кај Историски архив и долж улицата „Богомилска“. Од Локалната апелираат до  граѓаните кои имаат проблеми со уличното осветлување да достават писмено или усмено барање до надлежните служби во Секторот за комунален развој во кое ќе го наведат бројот на сијаличното место.

{loadposition content9}