Во селото Свиништа на 24-ти јули ќе биде осветен манастирот Св. Богородица. Оветување на манастирот ќе се врши со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј.
По чинот на осветувањето ќе следи свечена трпеза, а по овој повод се покануваат сите православни христијани да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата.
Чинот на осветувањето на духовното светилиште ќе започне во 8 часот.