Фолклорниот ансамбл Отекс Фолк ќе го претставува македонскиот фолклор во Литванија.

Денеска на турнејата замина првата постава на Отекс Фолк која брои 29 играорци. Ансамблот ќе учествува на фолклорниот фестивал Цвеќе на сонцето кој се одржува од 30.06 до 08.07.

Фестивалот има натпреварувачки каракатер и на него учествуваат 13 ансамбли од повеќе земји.

Викендов, пак, втората постава од Фолклорниот ансамбл Отекс Фолк, која брои 40 играорци, учествуваше на фестивал Балкански котел во Радомир, Бугарија.



