Skip to main content

Откажани свадбените свечености во охридските хотели

Венчавките и свадбите се презакажуваат за есенските  месеци па дури и за идната година. Огромни  финансиски загуби претрпуваат хотелите, организаторите на свечености и видеопродукциите.

 |  Валентина Неловска  | 

Пандемијата со Ковид 19 ги поремети сите вообичанеи нормални текови на општественото живеење и работа. Ги расипа голем број однапред планирани свадбени свечености на идните младенци, но и бизнис плановите на хотелите на охридско-струшкото крајбрежје. Хотелите се затворени, сите резереваци во месеците мај и јуни се откажани, а тоа важи и за свадбените свечености, информира Тоше Чочороски менаџер на хотел Силекс.

„Тие се презакажани за крај на јули , повеќето за септември и натака. Исто се случи и со конференциите некои ги откажаа целосн, а други ги презакажаа за септември. Како ќе се движи целата ситуација е голема неизвесност и не сме подготвени. Бизнис плановите за оваа година не важат, завршена е работата, но и бизнис плановите за вакво време не сме подготвени да направиме бидејќи сме во голема неизвесност“, вели Чочороски.

Огромни се финансиските загуби во ова неизвесно време со пандемијата не само за хотелскиот сектор туку и за видеопродукциската индустрија кои се ангажираат за снимање на свадбените свечености. Ѓоко Наумоски од Мега продукција, информира дека и во нивниот сектор во месеците април, мај и јуни целосно се откажани свадбените церемонии за на есен. Се под знак на прашање заради големата неизвесност како ќе се одвива ситуацијата со Ковид 19. Охрид изминативе години стана атрактивна локација баш за таканаречен венчален туризам. Наумоски вели дека во нивната продукција биле откажани 5 венчавки на младенци од странство кои биле закажани во Охрид.

„Некој ги презакажуваат термините за в година. Инаку, свадбата е комплицирана организација. Таа бара голема организација,а ние сме само мал дел од организацијата. Тука се голем број на гости кои треба да резервираат авионски превоз, сместување во хотели, ресторани , станува збор за опфаќање на поголем број на луѓе па не е ни мала ни едноставна организацијата“, посочува Наумоски.

На ова тема, како во престојниот период ќе се одвиваат семејните веселби, се осврна на вчерашната прес конференција и министерот Венко Филипче. Кажа дека Комисијата за заразни болести ќе подготви протиколи за работа во затворени простории и во овој сектор. Министерот информираше дека протоколите ќе бидат споделени со сите Стопански комори во рамките на нивните активности.

„Многу прашања до Министерството за здрвство стигнаа за свадбите и тука ќе има критериуми.Како ќе бидат распоредени масите и како ќе се одржува дистанца. Прв пат кога ќе бидат готови ќе бидат споделени со стопанските комори кои ќе укажат како економските оператори да се придржуваат до мерките и дали ќе ги прифатат или ќе има од нивна страна сугестии според спецификата на објектот“, напомена министерот ФИлипче .

Засега е рано, а дополнително во следниве две недели до срединаат на мај целосно ќе го оформиме концептот и за овој сегмент економски како да функционира. Со овие рестриктивни мерки кои ги приемнуваме за да се заштити здравјето има притисок од многу социјални и економски апспекти и е очекувано“, посочи Филипче.