Откриен педофил во Охрид
Приведено е лицето Д.Ј (28) од Струмица.Поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Полов напад на дете“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против сторителот.
pedofil
Чинот на злоупотреба на малолетници е најостро осуден од сите релевантни субјекти во општеството. Од НВО „Езерка“, Струга, Драгица Павлеска Попеска, вели дека педофилијата како појава, треба да не загрижи сите. Таа смета дека родителите, а посебно наставниот кадар, треба дополнително да се едуцираат да ја препознаваат оваа појава, посебно во денешно време кога преку интернет, социјалните мрежи максимално се злоупотребуваат. Попеска вели дека и малолетната популација на Струга и Охрид не е поштедена од грозоморните работи кои се случуваат, како резултат на девијантните појави на поединци. МТСП изготви предлог – закон за посебен регистар на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Потребата од постоење ваков регистар е недвосмислена за повеќе институции, а пред се за центрите за социјална работа, училиштата, градинките, како и за граѓаните воопшто преку достапност на информации за лицата кои живеат во нивната околина, а се осудени за кривични дела поврзани за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија – рече министерот Спиро Ристовски.
{loadposition content9}