Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“
Во Охрид два дена ќе има политичко предавање на тема „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“.
Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“, Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на трајни вредности, универзални, кои како такви се секогаш модерни.
„Кога се зборува за основата на нашата партија и дејствување се повикуваме на нашите основни акти на статутот на ВМРО – ДПМНЕ што е основниот документ библијата на која се повикуваме сите ние и во својство на членови, функционери. “-вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
На обуката на идните политичари свој говор имаше и поранешниот потпретседател на Владата на Р.Македонија Васко Наумоски. Тој ги охрабри учесниците на академијата и им порача да продолжат да се вложуваат себе си за да си го пронајдат своето место во општеството.
„Би сакал да ве поздравам на почетокот на оваа серија која започнува во Охрид, па продолжува во Битола, Скопје и Штип и со тоа ќе ја продолжи убавата традиција на обука на младите потенцијални политичари кои во иднина ќе ја носат одговорноста за нашата држава“.-рече екс потпретседателот на Владата на Република Македонија, Васко Наумовски.
Дводневното политичкото предавање има за цел да ги зајакне знаењата и улогата на помладите партиски активисти, носителите на мандати, но и граѓаните со десно-центристички и демохристијански определби во изградбата на јасна визија за напредокот на Македонија, базирана врз основните постулати што ги промовира една народна партија, како што се човековите права, демократијата, владеењето на правото и промовирање на социјалната пазарна економија.
{loadposition content9}