Отстранета мини депонијата од градските гробишта
Денес на лице место увид направи и првиот човек на градов, градоначалникот Никола Бакрачески.
Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму.
Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
„Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и гледам дека тревата ја нема веќе на граничниците, гледам дека веќе се направени нови паркови, посадени се веќе сезонски цвеќина, ѓубриштето е подигнато, дислоциран е сметот, така да она што денес го гледам е сосема задоволително.“-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Вршителот на должност директор на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, вели дека до овој момент сработиле многу, но и дека останува уште работа околу уредувањето на градските гробишта.
„Ситуацијата која што ја затекнавме на градските гробишта беше хаотична. Во овој период од неколку денови, подигнати се преку 250 камиони со шут и ѓубре, повеќе илјади квадратни метри зелена површина е покосена, изметени и исчистени улици, благодарност до сите јавни претпријатија од Комуналец, Нискоградба, Водовод, противпожарната екипа која што со цистерните тука чистат веќе неколку денови. Засадени се преку 2000 садници сезонско цвеќе и гробиштата мислам дека сега во овој момент се во една добра состојба.“-вели в.д директорот Симоноски.
Уште поголем проблем за ова јавно претпријатие е неговата финансиска состојба. Симоноски вели дека претпријатието се соочува со преголема вработеност, и лоша финансиска состојба. За идниов период најави финансиски анализи кои ќе покажат колкави всушност се проблемите со кои се соочува претпријатието.
{loadposition content9}