Skip to main content

Од локалната ги отстранија нелегалните метални препреки на ул. Даме Груев за кои граѓани се пожалија во ТиСиТвојотГрад

Граѓани преку Рубриката ТиСиТвојот Град реагираа на нелегалното поставување на препреки на јавни површини за обележување на приватен паркинг. Од локалната веднаш интервенираа.
 |  инфодеск  | 

Узурпирање на јавни површини, со поставување тврди сообраќајни препреки како што се метални рампи, синџири, „триаголници“ за означување на „приватен паркинг“ е честа појава во централното градско подрачје во Охрид. Посебно во летната сезона кога тешко се наоѓа паркинг место некои граѓани сами си заградуваат паркинг на дел од улицата пред местото на домување, како приватна сопственост, а на државно земјиште.

За ваков случај во рубриката Ти Си Твојот Град реагиира жители на ул Даме Груев која деновиве беше реконструирана и асфалтирана.

Уште не е хоризонтално обележана, денес веднаш некои граѓани ја ископаа и поставија паркинг- рампи и огради! Дали е тоа дозволено или си го направија на диво (нормално активностите беа денес недела попладне)… стои во реакцијата.

ТВМ побара информација од локалната самоуправа во врска со тоа што презема општинскиот инспекторат во врска со нелегалното поставување на сообраќајни препреки за обележување приватен паркинг на јавни површини.

Согласно своите надлежности Општинскиот испекторат постапува по ваквите појави. Денес се одвиваше акција за отстранување на метални препреки на улицата „Даме Груев” и сите метални препреки се отстранети, експресно реагираа и одговорија од локалната.

Оттаму додаваат дека самоволното поставување блокатори и столпчиња кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните, нема да се толерира и оти истите веднаш ќе видат отстранети, а против сторителите ќе следи соодветна пријава.