Јп охридски комуналец
Отстранети скршените дрвја на Кеј Македонија и Горица 1
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со максимален ангажман на оперативните служби после нестабилните временски услови.
После нестабилното време кое го зафати охридскиот регион, проследено со засилен ветер и обилни врнежи, оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен и максимално ангажирани да се санираат последиците.
Безбедно се отстранети и транспортирани две дрвја од „Кеј Македонија” и Горица 1, кои под налетите од силниот ветер се скршија. Голем број вонредни активности за одржување на јавната чистота по јавните површини во централното градско подрачје, периферијата и градскиот кеј – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.





