Skip to main content

Авантуристички туризам

Отворање на Планинската куќа во Брежани

Очекувањата се дека Планинската куќа во село Брежани ќе придонесе за развојот на авантуристичкиот туризам во овој регион.
 |  инфодеск  | 
Планинска куќа во Брежани

Во петок на 30-ти септември свечено ќе биде отворена Планинската куќа во село Брежани, општина Дебрца.

Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото Брежани и нејзина адаптација во Планинска куќа е реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам”, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца од Република Македонија и Грамш од Република Албанија, како и Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.

Планинската куќа Брежани располага со 10 легла, тоалети, кујна и заеднички простории. Очекувањата се дека овој објект ќе придонесе за развојот на авантуристичкиот туризам во овој регион и дека ќе биде поттик за понатамошни заложби за инвестиции во авантуристичкиот туризам.

Превозот е организиран, а Вашето присуство може да го потврдите најдоцна до 28.09.2022 год. до 12 ч., на email ohrid.ipa2cbc@gmail.com или на тел: 071 342 248.