Skip to main content

Отворен ден на голф теренот во Охрид – спорт, природа и ново искуство за најмладите

Во сабота, на 18 април 2026 година, со почеток од 10:00 часот, ќе се одржи Отворен ден на голф теренот во Охрид на просторот на поранешната касарна.
 |  инфодеск  | 

Овој викенд, Голф Клуб Охрид ги отвора вратите за сите родители и деца кои сакаат да се запознаат со еден поинаков, интересен и сè попопуларен спорт. Во сабота, на 18 април 2026 година, со почеток од 10:00 часот, ќе се одржи Отворен ден на голф теренот во Охрид на просторот на поранешната касарна.

Настанот доаѓа по успешните презентации на голфот во училиштата, а во пресрет на уписите за петмесечната школа за голф која започнува во мај и претставува одлична можност за децата и нивните родители да се запознаат со овој спорт, да го разгледаат голф теренот и опремата, како и да добијат повеќе информации за тренинзите кои ги нуди Школата за голф за деца.

Сите заинтересирани се поканети да дојдат, да се запознаат со голфот, да пробаат како изгледа практичното играње голф, да уживаат во природа и да и дадат шанса на оваа уникатна спортска дисциплина да стане дел од здравиот раст и развој на децата.

Организаторите ќе бидат достапни за сите прашања поврзани со овој спорт и за уписите за школата за голф која започнува во мај.

Голф теренот располага со паркинг простор.