Отворен ден со матурантите на ФТУ-Охрид
Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите.
Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите. Тие ќе имаат можност да ги посетат просториите на факултетот, да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми кои можат да ги изберат, како и со лабораториите кои ги поседува факултетот и ги користи за едукативни цели. Факултетот има обезбедено промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти, како и дополнителни информации поврзани со студирањето.
На отворениот ден матурантите ќе бидат пречекани од раководителите на студиските програми, менаџментот на факултетот, наставници, соработници и членовите на студентскиот парламент. Присутните ќе имаат можност да пробаат дел од гастрономските специјалитети кои за нив ќе ги подготват студенти на факултетот.
{loadposition content9}