Отворен ден на Универзитетот Св. Апостол Павле
Отворен ден на Универзитетот Св. Апостол Павле.
Јасна Тренкоска апсолвент на факултетот за компјутерски науки и инжинерство, како и нејзиниот една година помлад колега од Гана, Вилјам Медсијама на истиот факултет, имаат позитивно студенско искуство од досегашното студирање на Информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле. Тие искрено го препорачуваат на идните студенти кои сакаат да бидат дел од оваа високо образовна институција.
„ Овој Универзитет се издвојува од техничките универзитети во Македонија по тоа што има неповторлив интернационален дух соствен од студенти ипрофесори.Од друга страна поддршката на академскиоткадар што Универзитеотј а нуди на студентите за проекти во и вон истите значи многу. Ретко кој универзитет дава таква доверба и почит од страна на професорите кон студентите да не се почуствуваат на пониско ниво од останатите. За странските студенти е добро тоа што може да студираат на англиски јазик и исто така да го продолжат образованието на англиски“, велат Тренкоска и Медсијама.
На Информатичкиот универзитет има 45 странски студенти од кои 10-мина се од Гана, но има и странски визитинг професори. Еден од нив е и професорот Двајт Фолтс од САД, Минесота. Професорот Фолтс е психолог и веќе една година е дел од професорскиот кадар на Универзитетот на факултетот за машинска интелегенција и роботика.
„ Јас предавам психологија, мое поле е психологијата. Интересно е што овој факултет не е фокусиран само на информатичките науки и технологии туку ги проширува своите хоризонти и на општествените науки, уметности и тој склоп со ИТ технологијата и општествените науки е мошне интересен“.
Денес на Универзитетот за информатички технологии беше организиран Отворен ден. По тој повод на Универзитетот Св. Апостол Павле беше организирана и забава на која свиреше охридски бенд и беше изведена стенд уп комедија. Идните студенти кои сакаат да бидат дел од Универзитетот можеа да ги добијат сите значајни информации и можности кои се нудат тука. Може да изберат неколку програми од областа на информатичките технологии, машинската интелегенција и роботика, комуникациски мрежи и безбедност, компјутерски науки и инжинерство, визуализација и анимација.
{loadposition content9}