Отворен ден за прашања поврзани со мозочен удар
Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар.

Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела) од 11-14 ч., каде сите заинтересирани ќе можат да добијат корисни совети од стручен тим составен од невролог, физијатар, интернист, психолог и советник за исхрана, а исто така ќе можат да извршат и проценка на ризик факторите за мозочен удар, преку мерење на соодветни параметри (гликемија, ТА, ЕКГ).
{loadposition content9}