Отворен ден во СВР Охрид
Охриѓани се сретнаа со министерката Гордана јанкуловска.
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, денеска одржа отворен ден во СВР – Охрид. Целта на проектот со кој граѓаните директно се среќаваат со министерката за внатрешни работи е во рамки на стратешката определба на министерството за транспарентно работење.
„Ваквите посети се секогаш една добра можност за да размениме мислење и информации околу тековни прашања, а кога станува збор за Охрид секако дека во периодот на летото и туристичката сезона интензитетот на движење на патници, интензитетот на посетители е значително поголем отколку во остатокот на годината, па така денеска имавме моженост да ги погледниме и статистичките податоци кои споредени со оние од минатите години се охрабрувачки, односно ефикасноста е повисока, а бројот на регистрирни кривични дела е понизок, што зборува за добра реорганизација на полизијата“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Министерката Јанкуловска додаде дека за време на летната сезона поради зголемениот број на посетители во Охрид и стапката на криминалитет во просек расте околу 20 % , но добро е што најголем дел од сите прекршувања навремено се расчистуваат, што е добра порака и за граѓаните, но и за туристите.
Присуството на министерката Јанкуловска новинарите го искористија и да ги расчистат шпекулациите кои се однесуваат на законот за бранители.
„Според моите информации пратеничката група го понесе законот и сега по однос на постапката сепак тоа е процедура која е регулирана со деловникот за работа на собранието и Можеби е најдоодветно телата за работа во собранието да дадат свое видување по однос на динамиката и судбината на зконот. Јас немам такви информации на кои вие се повикувате и би ве упатила да ја проверите информацијата со тој што ви ја дал“, додава јанкуловска.
Инаку денеска на отворениот ден во СВР, граѓаните го искористија присуството на министерката Јанкуловска за да и се доверат за своите проблеми. Имаше граѓани кои се со потекло од Македонија, но се странски државјани, па бараат начин да ги остварат своите права во Р Македнија, а имаше и жители од Охрид кои се пожалија за проблемите со вадење на документи, но и такви кои укажуваа за работата на полицијата. „Понекогаш и критики кои се добредојдени, доколку се работи можно е да се направат одредени пропусти, но тука сме пропустите да ги корегираме“, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
{loadposiotion content9}