Skip to main content

Презентација за упис на ученици

Отворен ден во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски

Денес во Општинскиот Електро Машински Училишен Центар „Св. Наум Охридски“-Охрид беше организиран Отворен ден.
 |  инфодеск  | 
Отворен ден

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и советникот Наум Јамандиев  присуствуваа на Отворениот ден што денес се организираше во Општинскиот Електро Машински Училишен Центар „Св. Наум Охридски“-Охрид.

Отворен ден ЕМУЦ

На настанот се изврши презентација на струките и профилите за упис на ученици во прва година. Се промовира дуалниот начин на образование и соработката со партнер компаниите: „Костал“, „Магна“, „ОДВ – Електрик“ и „Леарница“ кои имаа изложено свои штандови.

На отворениот ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и ученици од останатите училишта во градов.

Отворен ден ЕМУЦ