Отворен ден во ОУ „Братство Единство“
Тука сме едни покрај други за да се познаваме. Првото модел училиште „Братство Единство“како дел од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД, денес преку Отворен ден ги пречека наставниците од 4 основни училишта, родителите и учениците, за да ги презентираат искуствата од реализација не проектот кој го работеа 5 години.
Јазикот не е пречка децата заеднички да творат и работат. Тоа се докажа изминативе пет години во ОУ „Братство Единство“, кои денес преку настанот Отворен ден, го прославија заедништвото, во рамки на реализација на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). Директорот на училиштето Муамер Доко, изјави дека денешниот настан е модел што тие како училиште го граделе секојдневно сплотени и зависни едни од други.
„Одржувањето на вакви настани од страна на ПМИО, има за цел да ги зацврсти фундаменталните вредности на модерното општество, почитување на човековите права, демократијата, владеење на правото, како и промовирање на концептите мултукултурализам, интеграција и толеранција“.
За се она што се случуваше во рамки на реализација на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието појасни психологот на училиштето, Стојна Танос. Таа нагласи дека активностите кои ги работеле за време на наставата но и надвор од неа допринело припадниците од различните етнички заедници подобро да се запознаат за да не се случи да живеат и учат едни покрај други а да не се познаваат.
„На тој начин не само што се запознаваат децата и се рушат бариерите и стереотипите тука едноставно се шири и меѓусебната комуникација меѓу наставниот кадар, размена на искуства, внесување на нови методии техники, со еден збор зближување и проширување на мрежата на проектот кој што би требало да ни помогне за меѓусебно подобро познавање“
Проект координаторот Сафет Балажик, истакна дека низ игра и забавни активности учениците може подобро да се запознаат едни со други, а тоа посебно да го воочат учениците кои учат во еднојазични училишта.
„Постигнавме голема вплотеност, увидовме дека учениците колку почесто имаат можност да се сретнуваат и да учествуваат на разновидни заеднички активности толку повеќе си стануваат блиски едни на други. И тоа не само меѓу учениците туку и самите наставници добар дел од нив коегзистираат во еден простор воедно училиште но нема многу соработка, бидејќи секој во својата смена со своите ученици преку ваквите активности на некој начин допревме ем до учениците, но и до самите наставници “
А учениците од различни мултиетнички заедници задоволни се од тоа што се дел од проектот на УСАИД. Дел од нив сметаат дека најважно е што се чуствуваат среќни, како и тоа дека јазикот не претставува никаква бариера за комуникација помеѓу нив, бидејќи сите од нив научиле по некој збор од македонски, турски и албански јазик.Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество. Во фокусот на проектните активности се учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори во сите основни и средни училишта во Р. Македонија. Овој проект ОУ „Братство Единство“ го реализираше во соработка со општина Охрид, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Наум Охридски“, с.Пештани