Денес и за време на викендов нема да се извршуваат предвидените активности за реконструкција на патниот правец „Дервен-Царина“ (преку Галичица), што значи дека патот ќе биде прооден и отворен за посетители, информираат од ЈУ Национален парк Галичица.
Поради изведување градежни работи (асфалтирање), сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица од 18.08.2022 до 12.09.2022 делумно ќе биде во прекин помеѓу 9 и 15 часот.