Skip to main content

Отворен за сообраќај патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица

Патниот правец беше затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15ти ноември 2023 година.
 |  инфодеск  | 

Од денеска е повторно отворен за сообраќај патниот правец Охрид-Ресен, преку Националниот парк „Галичица“. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информират од Авто-мото сојузот на Република Македонија.

Патниот правец беше затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15ти ноември 2023 година.