Skip to main content

Вработување

Отворен ден за започнување кариера во Слајс

Меѓународната компанија Слајс го зголемува својот тим. Во канцелариите во Охрид, денеска се одржа отворен ден на кој заинтересирани млади луѓе се запознаваа со кариерните можности во продажба кои ги нуди компанијата.
 |  инфодеск  | 
Отворен ден слајс

Отворен ден за кариера во продажба се одржа денеска во канцелариите на компанијата Слајс во Охрид.Заинтересираните посетители имаа можност да се запознаат подетално со начинот на работа на оваа меѓународно реномирана компанија која преку делувањето во своите канцеларии во Охрид, Скопје и Дебар им помага на мали локални компаниите во САД околу нарачките за нивните производи. Во Македонија компанијата постои 11 години, има вработено повеќе од 650 луѓе, порастот на бројот на пицерии и продажбата на пици налага зголемен број работни позиици, затоа организираа отворен ден во Охрид. Граѓаните се запознаа со дел од тимот,од нив добија одлични совети и трикови во продажба и можност да бидат вработени на лице место.

„Oвој Отворен ден е со цел зголемување на бројката и отварање уште еден продажен тим во Охрид. А нашиот тим од сектор Човечки ресурси задолжен за да им објаснат кои се работните обврски како би можеле да аплицираат, со таа цел имаме и кратки интервјуа и на лице место има и вработување.“ ,вели Сара Ракетиќ од Слајс.

Слајс не е само кол-центар. Во оваа компанија се работи од маркетинг до сметководство на пицериите кои соработуваат со нив. Можноста за вработување во Слајс не завршува со отворениот ден. Ажурирајте ја својата биографија и аплицирајте за слободните позиици. Ги покануваат сите ентузијасти да се придружат и да бидат дел од тимот.

„Во главно бараме млади ентузијасти кои добро го познаваат англискиот јазик, а тука сме ние да им помогнеме во останатите работи кои ќе ги научат и понатаму би биле компетентни и би имале услови за напредок.“, истакна Ракетиќ.

Слајс како глобална технолошка компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во САД, Северна Ирска и Македонија истовремено остварува директна соработка со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.