Oтворена изложбата „Охрид низ делата на Славко и Никола Упевче“
Во чест на Денот на ослободувањето на Охрид, синоќа во Куќата на Робевци прикажана изложбата Охрид низ делата на Славко и Никола Упевче. Љубителите на уметноста имаа можност да уживаат во безвременските уметнички дела на Славко, кој со децении го овековечува Охрид, за да го сочува од заборав.


Главниот мотив во делата на сликарот се пејсажите од Охрид, тој вели културното, природното и историското богатство во регионот е негова главна инспирација.
„Охрид е град на светлоста, тука сум роден, годините минале а Охрид го гледам во некои различен дијапазон во однос кога бев помлад и сега кога сум уште малку поповозрасен. Видете ја сликата од Сараиште таа никогаш нема да се повтори, била белег на едно време, обележје на едно живеење кое веќе нема да се врати во оваа експанзија на бетон и нови градби кои воопшто немаат чувство за амбиентот и историјата на градот.“- вели Славко Упевче уметник.

Во тек е изработка на часовник од мозаик, збир на технологии од последните два милениуми, кој треба да биде поставен на црквата Света Богородица Челница во Стариот дел на градот Охрид.

„Сатовите беа прв пат воведени во општествата некаде кон 12 до 15 век. Сатовите со механизам како овој а претходно биле сончеви без механизми. Овој сат се базира на последните технологии се конторлира со микро контролер и далечински може да се подесува.“– вели Боро Упевче.

Во Музејот Робевци е изложен и големиот мозаик кој со години го работи мозаичарот Никола Упевче, мапата на градот Охрид, која конечно ке биде завршена и ќе биде достапна за јавноста.

„ Тоа е една голема пасија гледате дека како семејство сите заедно допринесуваме да го разубавуваме градот. Татко ми слика и го овековечува наследството на Охрид, јас сакав тоа да го забележам на една мапа да го замапирам еден поглед од птичја перспектива и да ги доловам сите убавини кои се достапни. Тиа се прекрасни комплекси базилики мозаици и успеав со оваа стара техника конечно да го завршам благодарност на поддршката од градоначалникот кој имаше слух и помогна финансиски бидејки ова чини многу средства сега материјалите се достапни за мене.“- вели Никола Упевче мозаичар.

Повеќе од половина век, академскиот сликар Славко Упевче твори, чувајќи го Охрид од заборав, Неговиот син Никола Упевче е конзерватор и мозаичар, кој израсна со уметноста и е автор на голем број велелепни мозаици, кои го красат во Охрид, но и ширум светот.

Новинар Соња Рилковска