Skip to main content

Приватна збирка на младиот колекционер Љупчо Милошески

Отворена изложбата на невестински носии “Од Љубанишча до Дебор”

Изложбата е отворена секој работен ден до 10 -ти јули во галеријата на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.
 |  инфодеск  | 
изложба носии

Отворена изложбата “Од Љубанишча до Дебор” во рамки на 62 издание на “Балкански Фестивал на народни песни и игри” во Охрид.

Во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ посетителите на изложбата имаа можност да погледнат фотографии од традиционални носии од приватната збирка на младиот колекционер Љупчо Милошески од Струга.

Авторот на изложбата со години собира народни невестински носии од 12 етнички предели на брсјачката и дебарско реканската етнографска целина кои датираат од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Милошески со помош на професорот Владимир Јаневски, работел на идејата да се промовира пред јавноста богатат ризница на носии по течението на реката Дрим, почнувајќи од изворот кај Свети Наум до Дебар,

Изложбата е отворена секој работен ден до 10 -ти јули во галеријата на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.