Отворена недела на државниот архив и во Охрид
По повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив во ситте одделенија низ државава ги отвори вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат новите изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии.
Од 28 март до 1 април граѓаните ќе имаат шанса и да се запознаат со организираноста и начинот на работа на Подрачното одделение на Државниот архив во охрид, како научно-културна институција со особено значење за нашата историја и како еден од главните столбови врз кои се потпира нашиот идентитет.
Посетителите ќе добијат и подарок од Државниот архив – Каталог од изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев 1872-2022“ и примерок од најновиот број на нашето списание „Македонски архивист“.
Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.