За првпат во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ отворена е сензорна соба. Станува збор за посебно опремена просторија за деца со потешкотии во развојот .
–Преку опуштена и релаксирана интервенција децата го учат најважното – „Учат како се учи“. Исто така децата со потешкотии во интеграцијата во сензорната соба истражуваат, учат, стекнуваат искуства кои се важни за нивниот понатамошен раст и развој. Бенефитите од ваква соба и сензорна интеграција се многубројни, напиша во објава на Фејсбук, градоначалникот Кирил Пецаков.
Сензорната соба е реализирана во соработка со охридската општествено одговорна компанија „АСП ПАК“ .
Дополнително, градоначалникот најави дека во објектот „Развигорче“ согласно програмата на локалната предвидени се уште неколку проекти кои ќе бидат реализирани во наредниот период.