Skip to main content

Отворената забавна фудбалска школа собра над двеста деца на терените на СРЦ Билјанини Извори

Отворената забавна фудбалска школа собра над двеста деца на терените на СРЦ         „ Билјанини Извори “. По петти пат охриѓанчињата  ќе се дружат и ќе  се поттикнуваат на здрави животни навики. Градот и државата треба многу малку да направат за децата масовно да  спортуваа , предлагаат професорите по спорт.

 |  Валентина Неловска  | 

Над 200 деца на возраст од 7 до 12 години неколку дена ќе играат фудбал на охридскиот СРЦ „ Билјанини извори. 90 проценти од охриѓанчињата кои се вклучија во проектот досега не тренирале никаков спорт, информира Јоне Станкоски еден од носителите на спортскиот проект „ Cross cultures“. Една од целите на проектот е преку дружење децата да градат здрави животни навики, но и да добијат стимулс за понатамошно спортување.

„ Да ги поттикнеме кога ќе заминат од овде среќни и задоволни да се спортски поактивни. Имаме проблеми со здравјето на детската популација и начинот на живот. Со зголемување на голем број деформитети кај децата главен начин да се делува превентивно е спортот“, напоменува Станкоски.

Детскиот жагор и среќа кој се гледаа денес на спортскиот терен го наметна прашањето што треба да направиме на спортските терени ова да биде секојдневна глетка. Минимални средства и поголем слух од страна на градот и државата, е одговорот на професорите по спортска култура.

„ Многу малку треба за да излезат што повеќе деца на спортските терени. Државата да направи измени во образовниот систем. Од предшолска возраст да се вклучуваат професори во наставниот процес. Има и посебни програми за деца да се организираат преку училишни спорстки лиги и малски натпревари. Ние растевме на друг начин, различен од денешните деца кои се пред компјутер дома. Поттикот треба да го прави општеството, државата, како децата да ги извадиме да спортуваат. Тоа може да се направи со малку средства и со голем ентузијазам“, напоменува Станкоски.

Денешниот спортски настан во Охрид ќе трае 5 дена, а се одржува по петти пат по прекин од 10 години. Проектот е поддршка од невладината организација „Cross cultures“, со седиште во Копенхаген, а поддржан е од Норвешката и Данската фудбалска репрезентација. Локалната самоуправа со финансиска подршка се вклучи во организирањето на фудбалскиот настан. Фудбалските реквизити по завршување на проектот ќе бидат наменети за охридските средни, основни училишта и фудбалските школи.