Отворени денови на катастар во Охрид
Отворени денови на катастар во Охрид. Утре и задутре односно 5 и 6 февруари, охриѓани ќе можат непосредно пред претставниците на Катастар да ги презентираат своите проблеми.
Агенцијата за катастар на недвижности и годинава продолжува со своите активности во рамките на веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. Директорот на Агенцијата за катастар Славче Трпески на 05 и 06 февруари од 09 до 16 часот, заедно со тим од стручни лица од Секторот за внатрешна контрола ќе биде во посета на Охрид и Струга во своите подрачни единици. Според неговата агенда, директорот Трпески ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачните одделенија на тема дигитализација на катастарските општини и нивната важност.
Исто така од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека со цел да се подобри и интензивира комуникацијата со медиумите во насока на унапредување на принципот на отвореност и транспарентност, од први овој месец, назначено е лице за контакт со медиумите, односно Магдалена Талеска, советник организатор на работата на директорот која доаѓа на местото на досегашниот портпарол Валентина Христова Стефановска.
{loadposition content9}