Skip to main content

Информатички науки и технологија

Отворени денови на УИНТ Апостол Павле

Во престојната академска година слободни се места за 440 нови студенти. Универзитетот на новите бруцоши им нуди богати и интересни студиски програми за примена на информатичките науки и технологии во стопанството.
 |  инфодеск  | 
УНИТ Апостол Павле

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид . Универзитетот денес и утре организира отворени денови на кои сите заинтересирани матуранти и нивните родители имаат можност да се запознаат со условите за упис и студиските програми.

Во овој универзитет дојдов по препорака од моето друштво и од роднините, го пофалија многу и ќе видиме дали е исто толку добар колку што е пофален“, вели заинтересирана матурантка.

Универзитетот основан во 2008мата година, богат со научно истражувачка работа, настапување на бројни конференции, учество во журнали и меѓународни проекти, моментално е составен од 5 факултети и еден центар за дигитална уметност на кои се понудени обновени атрактивни студиски програми вели заменик ректорот на универизтетот Проф. Д-р Устијана Речкоска Шикоска.

„Нудиме навистина богати и интересни студиски програми за примена на информатичките науки и технологии во одрердени стопански гранки но и секојдневното функионирање. Така да еве порака до охриѓани, Универзитетот за информатички науки и технологии св.Апостол Павле од Охрид е наше заедничко богатство на сите охриѓани на целата наша држава па и во светски рамки, повелете и посвететесе на својата иднина“,кажа заменик ректорот на Универизтетот Проф. Д-р Устијана Речкоска Шикоска.

Во престојната академска година слободни се места за 440 нови студенти кои во наредниот период ќе имаат можност да бидат вклучени во научно истражувачки проекти на Универзитетот.

Во наредниот период ја најавуваме акцелераторската програма во рамки на која студентите ќе бидат активно вклучлени во креирањето на иновативни дигитални решенија кои што ќе видат во функција на сината и зелена економија по кои што Охрид е препознатлив.“, истакнува Деканот на Фкултетот за комјутерски науки и инженерство Проф. Д-р Јованка Дамоска Секулоска.

За практичната применливост и адаптираноста на студиските програми од студентска гледна точка зборува Јован Иловски апсолвент на Факултетот за компјутерски науки и инженерство.

На нашите предавања и часови не посетуваат компании од Охрид и од другите градови, каде што директно гледаме кои се квалификациите и кои вештини ни се потребни и тоа ни е понудено од страна на нашите професори на предавањата, така што со тоа што го учиме тука сме спремни да излеземе на пазарот и во индустријата оформени како вистински инженери.“, смета Јован Иловски.

Универзитетот остварува исклучително добра меѓународна соработка има потпишано официјални меморандуми со институции на 76 земји, така што студентите покрај предавањата на редовните професори ќе можат да следат интересни интерактивни предавања на Меѓународни Визитинг експерти од соодветни области.