Skip to main content

Буџет 2023 година

Отворени денови во Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков ги поканува граѓаните на Отворени денови на Општина Охрид на 3-ти и 4-ти декември.
 |  инфодеск  | 
Отворени денови

На 3-ти и 4-ти декември, од 11 до 14 часот, ќе бидат организирани Отворени денови на Општина Охрид.

Во овој период сите Вие кои имате идеи, предлози и решенија кои би можеле да ни ги презентирате или доколку Ве интересира што имаме предвидено во Буџетот за 2023 година, Ве поканувам да дојдете – напиша градоначалникот Кирил Пецаков.

Покрај градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на настанот ќе присуствуваат и претседателот на Советот на Општина Охрид, секретарот на Општина Охрид, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, директорите на Јавните претпријатија, како и дел од советниците во Советот на Општина Охрид.