Skip to main content

Отворени понудите за нови билборд локации низ Охрид

Отворени понудите за издавање на два пакети со микролокации за поставување на самостоечки светлечки рекламни паноа (билборди).

 |  Голабовски Крсте  | 

локации„Медиас“ ДООЕЛ Скопје, „Кала-Плака“ Скопје, Скрин Инвест“ Тетово и „Акцент Медиа“ Скопје, се фирмите чиишто понуди  за издавање на микролокации за поставување на билборди денес беа отворени во Општината.

Издавањето под закуп на локациите ќе оди во два пакети и тоа:

Пакетот 1 содржи локации за осум рекламни паноа, додека Пакетот 2. содржи локации за девет рекламни паноа, а локациите се во централното градско подрачје, на улиците, „Туристичка“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, кеј „Македонија“ и „Македонски просветители“. Станува збор за петнаесеттина нови локации и пет веќе постоечки локации.

билбордНајмногу реакции кај потенцијалните закупци на билбордите предизвика новината дека ќе бидат обврзани да склучат договор со ЕВН Македонија за користење на електрична енергија. Станува збор за новина којашто Локалната ја воведува во интерес на граѓаните, бидејќи досега закупците ја користеа електричната енергија од уличното осветлување.Во предметот на договорот стои дека билбордите  треба да имаат двострана рекламна површина со правоаголна форма со димензии од 450 см до 470 см должина и од 250 см до 270 см висина.Почетната цена за јавното наддавање за првиот пакет изнесуваше 192.000 денари, додека за вториот пакет . -216.000денари.
 
Критериум за избор на најповолна понуда е највисоко понудена цена на јавното наддавање за закуп по пакет. Јавното наддавање ќе се одржи најкратко во рок од 15 дена од јавното отворање на понудите, меѓутоа сеуште не е прецизирано дали ќе стане збор за електронско или физичко наддавање.

{loadposition content9}