Со отворени работилници РЦСОО „Ванчо Питошески„ привлекува нови ученици

Со практични едукативни работилници угостителското училиште „Ванчо Питошески“ ги промовира бенефитите од образовните профили и капацитетите на училиштето. Полуматурантите од охридските училишта имаат прилика во кабинетот по готварство да вкусат дел од вкусните јадења кои ги подготвуваат учениците но и да се запознаат со готварските тајни. Во кабинетот по Послужување им приготвуваат безалкохолни коктели и се запознаваат со правилата за поставување маса и декорирање.

Целта е привлекување на што повеќе ученици, да се приклучат во угостителско туристичките струки кои денес се најдефицитарни на пазарот на трудот.

„Презентација на нашето училиште каде што ги каниме сите основци полуматуранти да ги посетат нашите работилници. Денеска завршивме и со учениците од Дебрца и ОУ Братство, претходно поминаа сите основни школи. Не поминаа сите деца затоа ги поканувам сите полуматуранти било кој ден угостителското училиште е отворено може да дојдат во било кој ден и било кое време да ги посетат нашите работилници. Ова го правиме чисто да привлечеме повеќе гости од Охрид бидејки најмалку деца имаме токму од Охрид, повеќе имаме од другите градови. А ако нешто може во Охрид некој да работи тоа е угостителската струка, затоа ги каниме сите деца кои не присуствуваа на работилниците а имаат желба да видат да дојдат и да не посетат.“- вели Тони Андрески директор на РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид.
Учениците во угостителското училиште уште од прва година имаат практична работа, стекнуваат искуство, но и за време на распустите работат и добро заработуваат. Своите позитивни искуства ги споделуваат со идните средношколци.
– Школото е одлично, поубаво школо не сум видел. Одлично е се. Сакам да сум готвач, односно пица мајстор имам желба да си отворам пицерија и ако имаш љубов кон готварството и готвење можеш полесно ке ти биде да научиш. На пракса си одам секоја среда имаме пракса. 0159 Си имам и работа преку лето редовно работам одлично е готварството е многу убава струка и барана не само во Охрид туку и низ целиот свет, вели ученик во прва година.
– Рецептот е правен од тука од учениците ние сме дојдени да ни презентираат како амтуранти. Да интересно е но мислам дека треба да се прави со многу љубов, вели една полуматурантка.

-Не е тешко ако се работи со љубов и ако сакаш да научиш. По едноставен рецепт, се знае стандард млеко, кисела вода, брашнио, јајца. Би сакала да работам се гледам себе си како успешен готвач мојот смер е за повеќе струки би сакала и како шанкер но повеќе ме влечи готварството, вели една ученичка од втора година.
-Ми се допаѓа имаме многу практична работа имаме пракса и овде и во објект. Треба да се работи со љубов и со занење за да успееш во нештото, понатаму во кариерата. Има многу деца што работат еве лично јас работам и учам за да можиш и да учиш и да работиш за нашите години е тоа супер, вели ученичка од трета година.

Последниве години расте интересот за средно стручно образование. Кадарот во хотелско угостителскиот сектор е дефицитарен а професиите келнер, шанкер, готвач се веќе ценети и го добиваат заслуженото место.

Новинар Соња Рилковска