Skip to main content

ОУ „Братство Единство“ ќе аплицира за еко наградата „ Зелено знаме“

ОУ „Братство Единство“ се подготвува за апликација за најголемата еколошка награда „Зелено знаме“.

 |  Валентина Неловска  | 
школо
школо

ОУ „Братство Единство“ се подготвува за апликација за најголемата еколошка награда „Зелено знаме“, кое ја доделува ЗГ „Охо“,. Од 2009 година ова училиште е дел од школите  кои се членови во мрежата на еко училишта. Учениците од трите наставни јазици, македонски,  албански и турски,  еколошки се едуцираат и учат како да шетадат вода и енергија, но и како здраво да се хранат, раскажува Професорот по одделенска настава, координатор на еко проектот, Јулијана Алексиоска. Континуираната работа и успешно реалираниет проеки  во измативе 4 години ни дозволуваат да аплицираме за највисоката награда „Зелено знаме“, појаснува Алексиоска.

„Најголемата придобивка  од учеството во еко мрежата се задоволни лица на учениците кои учлествуваат во работата на проектите. Секако, тука се  и финансиските средства кои ги носи наградата. Овие средства би се искористиле за подобрување на условите за работат во училиштето,“ потенцира Алексиоска.
школо
Работиме на постојана еколошка едукација на учениците , со вклучување на нивните родителии наставниците и другиот школски персонал, вели Алексиоска. Учениците се среќни кога ќе им се понуди да работат на еко проекти , а сите камапњи биле поддржани од родителите и наставниците. Активното членување во еко мрежата е пропратено со видливи ефекти за  нашето училиште, објаснува координаторката Алексиоска.

„ Придобивките се видливи од минатите проекти. Се чувствува подигнатата еколошка свест кај учениците, како и во нивните подобрени навики за здрава храна, а има и подобри услови за работа во училиштето,“нагласува Алексиоска.
 
Пред неколку дена од САД се вратија од наградното патување професорката Марија Пупиноска Гогова и групата ученици, кои  добија прва награда во светот за нивниот проект за  заштеда на енергија.
Од училиштето најавуваат продлжување на активностите во подготвување на нови инвентивни  еко прокти.

{loadposition content9}