О.У „Братство Единство“, пред избор на директор
Истекува вториот мандат на актуелниот директор на О.У „Братство Единство“, Осман Османи. На крај на месец октомври училиштето треба да добие нов челник. Тоа значи дека треба да се отпочне со законска процедура за избор на нов директор. Портпаролот на општина Охрид, Симон Илиески рече дека досега постапката не е отпочната, но во секој момент се очекува распишување на оглас, по кој расправа училишниот одбор, па потоа му предлагаат кандидат или кандидатка на градоначалникот, а тој после одлучува. О.У. „Брадство Единство“, минатата учебна година потфрли во образовниот процес и од страна на државниот инспекторат доби задоволителна оценка. Илиевски вели дека тоа не е случај само со ова училиште во општината.
Група родители на учениците од турските паралелки, кои не сакаа да зборуваат пред нашата камера во врска изборот на нов директор на училиштето, апелираат до градоначалникот, годинава да биде избран кадар од турската етничка заедница. Тие веќе го запознале претседателот на Советот на општина Охрид со нивното барање и му дале до знаење, дека доколку не постапат по нивните сугестии, може да дојде до бојкот на наставата. Илиевски ја спушта топката и вели дека ваквиот став на родителите сеуште не е официјален, но напомена дека нема потреба од кревање на тензии.
Родителите на децата од турските паралелки исто така потенцираа, дека градоначалникот најдобро знае како било отсекогаш во ова училиште и оти по редот на нештата, поселе 1 мандат на Делче Максимоски и 2 мандати на актуелниот Османи на ред е во директорската фотеља на училиштето да седне турски претставник. Според неофицијални извори, актуелниот директор ќе се бори за уште еден мандат. Како еден од посериозните кандидати се слуша и името на Мамер Доко кој ќе се бори за директорската позиција на ова училиште. Дали ќе се вжешти атмосферата во основното охридско образование набргу ќе се знае. ТВМ за сите нови моменти навремено ќе ве информира.
{loadposition content9}