Skip to main content

Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016”

ОУ „Дебрца“ го одбележа Денот на планетата Земја

Учениците се запознаа за можностите кои произлегуваат од користење на пластиката, но и за нејзините лоши особини кои ја загадуваат природата и животната средина.
 |  инфодеск  | 

Денес во ООУ „Дебрца” с. Белчишта претставниците на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016” во соработка со Општина Дебрца и учениците на ООУ „Дебрца” го одбележаа 22-Април Меѓународниот ден или Денот на планетата Земја.

Со учениците беше одржана едукативна работилница посветена на годинешното мото „Планетата против пластиката”.

Учениците се запознаа за можностите кои произлегуваат од користење на пластиката, но и за нејзините лоши особини кои ја загадуваат природата и животната средина. Се едуцираа за начинот на собирање и рециклирање на пластиката и нејзина употреба, а не одлагање во природата и одлагање на депонии каде е потребно долг временски период како истата би изчезнала. Едукативните работилници за заштита на животната средина се практика која ја спроведува општината во изминатиот период, информираат од Општина Дебрца.

Додават дека одржни се голем број на едукации за подигнување на свесноста на жителите и учениците од најмала возраст да ја штитат животната средина.

Општината на 17-ти мај ќе спроведе еколошка акција со учениците на ООУ „Дебрца” с.Мешеишта. Во акцијата ќе биде опфатено селото Мешеишта каде ќе се изврши чистење на центарот и околу училишната зграда.