ОУ „Григор Прличев“ со богата програма го одбележува својот патронат
Учениците одржаа модна ревија со облека карактеритична за секоја историска епоха, покажаа што знаат преку бројни експерименти по приордните науки и по речиси сите останати предмети. На најуспешните кои учествуваа на конкурсите за најдобри ликовни и литературни творби им беа доделени и награди.
Основното училиште Григор Прличев во кое учат над 1000 ученици од 1 до 9 оддоление со низа активности го одбележа својот патронат. Учениците од одделенска и предметна настава со отворени часови на еден поинаков и многу интересен начин ги презентираа своите активности и знаење по скоро сите предмети. Покажаа колку труд и знаење вложуваат во секојдвениот наставен процес. За некои ученици се интересни природните науки, а за други странските јазици, како што е тоа пример за неколку ученички кои по германскиот јазик планираат да запишат студии и да го изучуваат во иднина.
Учениците одржаа и инетерсна модна ревија со облека карактеритична за секоја историска епоха и демонстрираа експерименти по сите природни науки. Основците од 9 одделение пак, покажаа што знаат преку одржување на бројни експерименти по биологија , а експериментите ги изведоа под раководство на професорката по биологија Зоре Ѓоршеска.Таа е задоволна од своите ученици и нивните покажани резултати.
„Се гордеам со тоа што сум раководител на ова одделение и што предавам во ова училиште.Сметам дека на овој начин со отворените часови ги мотивираме децата повеќе и се доближуваат до актуелните проблеми на денешницата како болестите на зависност или дијабет. На пример, изведуваме експерименти за мерење шеќер , мериме притисок учиме на тој начин како да се превенираат од дијабетот б кој ги напаѓа и младите “, вели Ѓоршеска.
Ивана Махоска, директор на ова основно општинско училиште напоменува дека е здоволна од покажаното знаење на нивните ученици и постигнатиот успех во првото полугодие од учебната 2019 /20 година.
„Морам да се пофалам дека нашите ученици се секогаш на врвот и сум задоволна од она што го видов од активностите, правењето обиди по природни науки, модната ревија по историја во кои учениците се вложија целосно“, вели Махоска.
Најуспешните ученици кои учествуваа на конкурсите за најдобри ликовни и литературни творби на тема „Прличев-твој и мој Сердар“ име бе а доделни нагрдаи од предметна и одделенска настава.
За најдобри ликовни цртежи , награди добија од предметна настава, прва награда на Нина Нелоска, втора за Емилија Николоска, а трета за Матеа Трифунска. Од одделенска настава прва награда заработи Ана Бимбилоска, втората и припадна на Катерина Јованоска и третата заврши кај Симона Пазаркоска. На литературниот конкурс по одделенска настава прва награда доби Марија Вранишкоска, втора Ева Џајкоска, а трета Марко Бошковски. По предметна настава прва награда и беше доделена на Андреа Савиќ, втората на Лина Боцевска, а третата на Марија Тодоровска.