ОУ Григор Прличев-прва образовна институција која доби помош од локалната
Не само јавните претпријатија, блокирани сметки и долгови и кај образовните институции.
Образовните институции во градов во фокусот на локалната самоуправа. Анализите покажале дека јавните претпријатија не се единствените субјекти кои работеле со блокирани сметки и наталожени долгови, ваква ситуација била затекната и кај некои од образовните институции.
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најави серија посети на сите институции кои се во надлежност на локалната, со посебно внимание посветено на образованието. Денес го посетија основното училиште „Григор Прличев“.
„Не случајно основното училиште „Григор Прличев“ е одбрано да биде како официјален почеток на овие наши активности од единствена причина што кога дојдовме како ново раководство, во рамки на локалната самоуправа уште веднаш направивме една анализа на случувањата во рамките на образовниот систем, како функционираат училиштата, градинката. Дојдовме до заклучоци дека образовните институции имаат сериозни проблеми кои што не им овозможуваат да се посветат на она што име основна дејност, а тоа е да пружат образование на децата.“-рече Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.
Натрупани долгови за електрична енергија, нафта, телефони, се само дел од проблемите кои биле откриени при правењето на анализите. Вршителот на должноста, директор на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска потенцира дека ова основно училиште подолго време се соочувало со ваков тип на проблеми.
„Маката која веќе неколку месеци се чувствува, јас ја чувствувам еден месец, се разреши. Сметката која ни беше блокирана од фактура за нафта е целосно исплатена. Проблем имавме и со струјата, пред една недела имавме можност и да ни ја исклучат, ни се исклучија и телефоните, но еве денес сето тоа се разреши и јас мислам дека понатака, можеби ќе сака подолго време, но со едно домаќинско работење и со една поголема екномија ќе се справиме и со тоа.“-вели Силвија Мојсовска, в.д директор на ОУ „Григор Прличев“.
Секретарот на општина Охрид информираше и дека локалната самоуправа направила напори дел од средствата кои тие ги имаат на располагање во локалната, да бидат насочени кон плаќање на комуналните трошоци, пред се електричната енергија на училиштето. За возврат, секретарот Спасески вели дека очекува од директорката и вработените максимално да се посветат на образовниот процес. Инаку со вакви долгови се справуваат и голем дел од другите образовни институции, но за среќа немаат блокирани сметки.
{loadposition content9}