Skip to main content

ОУ “Григор Прличев” го одбележа патронатот

ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев.

 |  Николоска Биљана  | 
priredba
приредба

ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев.

хорСиноќа во преполнетата сала на НУ Центар за култура “Григор Прличев“ се одржа свечената приредба на основците од училиштето чиј патрон е големиот поет. Подготовките за приредбата, која што беше круна на дводневното чествување на делото на Прличев, траеле два месеци, изјави директорката на училиштето Силвија Мојсоска.  

„Ние веќе два месеци наназад ги правиме плановите за одбележување на денот на славата на училиштето. Учениците се возбудени, од 1-во до 8-мо одделение секој за својата точка… многу ученици сакаат да учествуваат и поради тоа секоја точка е масовна.“, рече Мојсоска.

Учениците, во една беспрекорна организација, се покажаа добри таленти во своите изведби, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој нагласи дека одбележувањето на патрониот празник претставува историски долг на секоја генерација, но и израз на почит кон претходно создадените вредности, како и порака за традиција која што продолжува и треба да се негува.

хор„Просто сум воодушевен од она што вечерва го видовме како перформанси и изведба на учениците  од ОУ “Григор Прличев“ и тоа беше круна на голем број настани и манифеставции, кои што во претходните два дена ги организиравме на ниво на општина Охрид “ потенцира Бакрачески.

Импресивни беа впечатоците на бројната публика која ја следеше свечената приредба. Децата навистина имаа што да покажат. Почнувајќи со Химната “1762 лето“ во изведба на хорот при училиштето, рециталот „Македонија“- инструментални изведби на училишниот оркестар, монодрама, бројни ритмични точки од рап, мулти култи и соло настапи на талентираните ученици.  На приредбата која ја воодушеви публиката и претходеше ликовна изложба и доделување на наградите на победниците по распишаниот конкурс за литературни и ликовни дела на учениците од ОУ “Григор Прличев“.

{loadposition content9}