Skip to main content

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот на училиштето

ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот.

 |  Валентина Неловска  | 
beli mugri
beli mugri

 

Основното училиште „Кочо Рацин“ го прослави својот патронат. Денес во училиштето имаа отворен ден и се одбележаа бројни активности на учениците  поврзани со нивниот патронен празник 22 декември, кога го празнуваат денот на раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин. Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со креативноста на учениците под менторство на нивните наставници. Покажаа со различни  презентации по сите предмети дека вредно учат и работат. Меѓу секциите како што се по историја, физика, хемија и биологија се претставија и јазичарите од англиската и германската секција. Професорката по англиски јазик  Лидија Јефтовиќ, вели дека на овој ден се претставува целата работа на сите училишни секции онака како што налага современата настава.
hrana
„ Во делот на развивање на културата и приближувањето до Европската унија, нашите секции по англиски и германски јазик ни претставија што работеле во изминатиот период. Рачни изработки,  прослава на празниците и запознавање на културата на јазикот кој го зборуваат, претставуваат свои дела на кои сакаат да се приближат што поблику да се оставри сонот некогаш можеби да го посетат омилениот град Лондон или Берлин. На овој начин ја негуваме традицијата на другите култури и народи и ги приближуваме  децата до Европската унија.“

Учениците од „ Кочо Рацин“, исто така се вклучија  во проектот Здрава храна за детство без мана, напоменува одделенскиот наставник Виолета Петкоска. Подготвуваа сендвичи со здрава храна, цедени сокови, овошни салати, пропратено со музика и игра, а и со изработка на креативни новогодишни декорации.
ucenik

„ Со голема радост е прифатен проектот Здрава храна за детство без мана. Претставува една иднина за децата кои треба да се развиваат во позитивна смисла за правилен раст и развој за да имаме здрави генерации кои ќе бидат успешни идни граѓани на Република Македонија.“

Во училиштето „Кочо Рацин“ во кое учат околу 300 ученици е спроведена и успешна продажна акција. Учениците изработија различни видови декоративни украси, новогодишни честитки и други предмети со новогодишна тема. Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели, напоменува директорката на училиштето  Соња Милеска. 


{loadposition content9}