Skip to main content

ООУ „Кочо Рацин“ Охрид создава Мостови на пријателство

Ученици и наставници од ООУ Кочо Рацин од Охрид беа во посета на ОУ„Веселин Маслеша” од Белград, се со цел да се поттикне личениот раст и развој на учениците во рамки на проектот Мостови на пријателство.
 |  инфодеск  | 

Пополнувајќи ги последните страници од 365 страни во 2023 година основното училиште „Кочо Рацин” – Охрид раскажа уште една успешна приказна. Учебната година ја започнаа со стартување на проектот „Мостови на пријателство” и реализација на првата мобилност во Охрид, а крајот на првото полугодие го краси реализираната втора средба во рамките на овој проект која овојпат се реализира во Белград, Република Србија.


Домаќин на втората средба беше ОУ„Веселин Маслеша” од Белград каде 11 ученици од училиштето заедно со директорката и две наставнички беа гости во периодот од 21 до 24 декември, се со цел да се поттикне личениот раст и развој на учениците во насоката во која веќе пројавиле интерес или имаат претходни знаења и искуства и да им се помогне да се изградат во индивидуи кои придонесуваат и се грижат за здравјето, менталниот дух и заедницата.

На средбата исто така учествуваа и 9 ученици од третото збратимено училиште ОУ„Веселин Маслеша од Фоча, Босна и Херцеговина.


На средбата 40 здружени учениците учествуваа во спортски игри каде го јакнеа спортскиот дух преку дружење и натпреварување. Учествуваа во две работилници на тема „Емпатија” каде преку различни групни активности ги зајакнуваа социјалните вештини и го подобруваа нивното ментално здравје.


Во рамките на третиот ден од посетата учениците заедно со своите наставници имаа можност да се запознаат и да ги истражат убавините и историјата на Белград преку посета и предавања од стручни лица во најголемата црква на Балканот црквата Св.Сава, потоа посета на црквата Св.Марко и гробот на цар Душан, посета на музејот на Никола Тесла, Собранието, Главниот плоштад-Теразије, Кнез Михаловата улица и Калемегдан.


Вечерните часови беа можност за дружење и забава со одлична музика како и посета на различни спортски натпревари.
За наставниците беше организирана меѓународна стручна трибина на тема: ,,Значењето на регионалната соработка во функција на унапредување на воспитно-образовната работа” во која свое предавање на тема: ,,Примена на еТвининг како иновативна и едукативна алатка во училиштата” одржа и наставничката од ОУ Кочо Рацин, Силвана Крстеска.


Значаен настан во процесот на градење на ,,Мостовите на пријателство” беше остварувањето средба со г-ѓа Лидија Демниева – претседател на Здружението на Македонци во Белград ,,Кочо Рацин” која е потомок од семејството на патронот на училиштето, Кочо Рацин.

На овој емотивен настан за сите нас оддадовме заедничка почит за животот и делото на нашиот великан. Со солзи во очите, силни прегратки и желби за што побрзо повторно видување на
сите, но овојпат во Фоча, Босна и Херцеговина средбата успешно заврши, велат од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.