ОУ „Живко Чинго“ го одбележа својот патрон
Учениците од ОУ „Живко Чинго“ синоќа во ЦК „Григор Прличев“ со богата културно уметничка прогрма го одбележаа својот патрон. Директорот вели дека на секој патрон покрај со постигнатите резултатите на учениците на бројните натпреварувања, можат да се пофалат и со успеси во осовременување на условите и образовниот процес во нивното училиште.
ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти прераснува во современ образовен центар. Тоа го говорат успесите на многу полиња, во постигнати успеси на учениците, во инфраструктурни зафати како и во осовременување на образовниот процес. Директорот Ѓоко Чингоски вели дека успесите доаѓаат со многу работа и залагање на наставниот кадар и учениците, но и на добрата организациона поставеност. Додаде дека точно поради тоа неговите залагања изминатиов период биле да им обезбеди модерни услови за наставниот процес.
„Во изминатиов период училиштето постигна успешност на многу полиња. Инфраструктурно, со помош на Црковниот одбор се доуредија надворешните скали со тоа се среди не само естетскиот изглед на училиштето туку и учениците добија побезбедно место за престој. Исто така со донации обезбедивме три паметни електронски табли, ги опремивме кабинетите по физика, математика, биологија, хемија, историја географија со модерни нагледни средства “
Осовременувањето на образовнито процес и модернизацијата на училиштето се наши единствени приоритети за кои се залагаме со цел во иднина да може да се носиме со основните училишта од светски ранг, вели Чингоски. Дополнува дека и учениците тоа знаат да го ценат, покажувајќи добар успех.
„Нашите ученици постигна доста големи резултати. Исто така афирмираноста на нашето училиште во локалните и регионалните медиуми е само показател дека ОУ „Живко Чинго “ го работи само она што е потребно во имиџот и во она што му е својствено. Имаме и благодарници за одредени субјекти како соработка и како помош на училиштето“
Синоќа во ЦК „Григор Прличев“ основците од „Живко Чинго“ приредија богата културно уметничка програма, со настап на хорот, играорците, ритмички точки, соло пеење, изведба на драмата „Госпоѓа Министерка“, а исто така не изостана и богатата ликовна изложба на учениците од ова школо. ВО ОУ „Живко Чинго“ учат 270 ученици со кои работи наставен кадар од 35 просветни работници.