Skip to main content

Оживејте ја празничната магија

Иванка и Бруно Гигер во дворот на нивната семејна куќа  во населбата Радојца Новичиќ направија магична новогодишна  атмосфера.

 |  Валентина Неловска  | 
украси
украси

Иванка и Бруно Гигер во дворот на нивната семејна куќа  во населбата Радојца Новичиќ направија магична новогодишна  атмосфера. За да го оживеат празничниот дух, го  украсија својот дом. На вредниот брачен пар му биле потребни 8 дена, многу лампиони, новогодишни реквизити и над 500 метри сијалички и  светлечко црево. Повеќето од реквизитите ги имаат со години и секоја година ги надополнуваат со по некој нов украс, објаснува Иванка. Оваа идеја започнала од нивните деца во Швајцарија каде што брачниот пар живеел повеќе од 20 години, а сега тие го  продолжуваат обичајот тука во Охрид, раскажува Иванка Гигер.
украси
„ Во Швајцарија секоја втора куќа е украсена, тука за жал малку од финасики, но и од други причини слабо има  декорирање на домовите. Граѓаните може според своите можности да учествуваат помасовно во новогодишното декорирање“, посакува Иванка.

За декорирање на дворот и куќата се потребни одредни финсиски средства, но тоа може да се направи и поскромно, вели  Иванка. Покрај финансиите се потребни амбиција, волја и  заеднички ангажман.  Јас немаше да можам  да го направам  декорирањето без помош на мојот сопруг Бруно, вели Иванка. За Бруно, пак кој  е роден швајцарец, ова е прва година на живеење во Охрид. Семејството Гигер оваа година за прв пат во Охрид ќе го празнуваат  и православниот Божиќ. Бруно вели, иако сеуште не може да даде оценка за  новогодишната атмосфера тука и во Швајцарија, но од  она што го гледа сепак има  разлика.

„ Атмосферата е поинаква во Швајцарија. Се празнува 6 декември, како Санта Николаус, па 24 декември кога се дочекува католичкиот Божиќ. Атмосферата е поинаква  има повеќе снег и луѓето се повеќе ангажирани, овде атмосферата помалку се чувствува.“

Иванка Гигер посакува традицијата за новогодишно украсување на дворовите да биде што помасовна и во Охрид и да се избира најдобро украсен двор.  Финансиската криза се чувствува насекаде , но и со малку  желба и вештина може да се разбуди празничната атмосфера во сечиј дом,  кажува Иванка. Со нејзината идеја да се избира најдобро украсен новогодишен двор се согласува и охридскиот градоначалник, Александар Петрески.

двор„ Можеме да организираме награда за најдобро декориран двор и тераса. Идејата е добра доколку предизвика интерес кај граѓаните. Охрид ќе биде поубав  ако  секој да ги  украси дворот и терасат, тоа е натпревар, и е убава работа. Доколку е мал интересот на граѓаните како минатата година тогаш не е целта наградата да се дава на  истите луѓе“, напоменува Петрески.
 
 Локалната самоуправа втора година по ред не го спроведува изборот за најубаво украсен двор. Економската криза го направи своето и охриѓани се помалку учествуваа и се одлучуваа да потрошат пари за декорирање на своите домови по што следуваше одлуката да се стопира изборот.
Сепак, граѓаните може да ги поттикне примерот на семејството Гигер,  и со малку пари да го оживеат новогодишниот празничен дух,  кој ќе блесне во домовите и во градот.    

{loadposition content9}