Пациентите со забоболка ќе се лекуваат во итната стоматолошка служба при Здравствен дом
Матичниот стоматолог ќе проценува за итноста на случајот и ќе ги упатува пациентите кај колегите од здравствен дом. Стоматолозите од итна стоматолошка служба се екипирани во седум тимови и ќе работат во две смени и една семан за време на викенд.
Охридските стоматолози од итната стоматолошка служба при Здравствен дом Охрид ќе ги лекуваат пациентите со забоболка по нов протокол за работа. Според новите протоколи во вонредни услови итните случаи ќе се лекуваат кај овие стоматолози по претходна консултација со матичните стоматолози, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.
„Ќе објавиме на влезната врата на амбулантата и на вратите на сите приватни ординации пациентитет да го контактираат матичниот стоматолог и тој да одлучи ако има потреба да ги препрати кај нас тој да не исконтактира“.
Во вонредните услови нема да функционира ноќната стоматолошка служба. Формирани се седум тимови составени од стоматолог и медицинска сестра од Здравствен дом кои ќе работат во две смени од 8 до 14 часот и од 14 до 20 часот. За време на викенд ќе се работи во една смена од 8 до 14 часот. Тимовите не се доволно опремени со заштитни средства, напоменува д-р Филдишевски.
„Во моментов има некоја количина која не е доволна. Се надеваме дека деновиве ќе добиеме уште нова количина на заштитна опрема. Во моментов ни недостасуваат најмногу скафандери за сите доктори , но има доста за да почне да работи службата. Се зависи колку пациенти ќе имаме ако не доаѓаат првите денови во голем број ќе имаме“.
Работата на оралните хирурзи во време на епидемија на корона вирусот ќе биде по повик , но сеуште нивната работа не е допрецизирана, вели д-р Филдишевски. Стоматолозите апелираат граѓаните да бараат помош само доколку навистина имаат итна потреба од стоматолошко лекување.