Skip to main content

Падот на цената на нафтата нема да ги намали цените на охридските превозници

Доколку подолго време се задржи цената на нафтата на сегашното ниво или продолжи да паѓа ќе има корекција на цените во меѓуградскиот превоз во АД „Галеб“. Засега тоа е невозможно, бидејќи овој превозник своевремено кога нафтата направила најголем ценовен скок, тие не ги зголемиле цените за разлика од другите превозници, информираат од ова претпријатие.

 |  Николоска Биљана  | 
avtobuska
автобуска

avtobuskaНајголемиот охридски автопревозник АД „Галеб“, после драстичниот пад на цента на нафтата на светските берзи, нема да ги корегира цените. Раководителот на сообраќај од ова претпријатие Димитар Василески нагласува дека охриѓани години наназад нивните услуги ги користат по најповолни цени, посебно за меѓуопштинскиот превоз.

„Ние своевремено ги намаливме цените во  времето кога нафтата направи најголем ценовен скок и тие се симболични и во градскиот и во градско приграскиот сообраќај а цените во меѓуопштинскито сообраќај не се поскапени преку 6 години, така да цените се минимални и нема никаков простор за корекција на цените“  – вели Василески.

avtobuskaВасилески потенцира дека нивниот став по ова прашање ќе остане непроменет се додека извесен период се задржат цените на нафтата, а дополнително прашање било дали тие се реални на светската берза.

„Ако се задржат подолго време овие цени или се намалат постои во секој случај можност за ревидирање на оваа одлука засега како можност стои за корекција на цените ако се задржи цената ако се задржи цената на горивото и ако продолжи да паѓа“– изјави Василески.

Василески информира дека нивните поволности посебно на цената на билетот најмногу ги чуствувале студентите и учениците од меѓуопштинскиот превоз. Според него тие биле единствени превозници во државава  кои на учениците им овозможувалешто користење на месечниот билет надвор од термините кои се предвидени за ученички превоз.

{loadposition content9}