Стар дел на градот
Падна настрешница кај Потпеш
Како што се гледа од фотографиите, кај плажата Потпеш денес паднала една конструкција, но за среќа не повредила никого.

Рано утрово настрешница падна кај плажата Потпеш.
Ова е Потпеш, едно од најубавите места во Охрид. Градоначалникот на Охрид пред неколку години затвори и сруши неколку платформи и тераси кои се наоѓаа во или на брегот на Охридското езеро. На некои места се уште има од поранешните конструкции за кои не се знае дали биле градени според стандарди и дали се безбедни – пишуваат на фб страницата Глас за спас на Охрид.
Како што се гледа од фотографиите, една конструкција паднала денес, но за среќа не повредила никого.
Граѓаните апелираат просторот да се расчисти веднаш, за да се спречат евентуални повреди.
Фото/Илче Каневчев