Skip to main content
Мај 12, 2022
ЈП Охридски комуналец
ЈП Охридски комуналец избра демирхисарска ветеринарна амбуланта која на хуман начин ќе ги третира бездомните кучиња. Засега се мапирани околу 70 тина кучиња на различни локации низ градот кои ќе бидат вакцинирани, кастрирани и повторно вратени на улица.

Мај 12, 2022
Еколошка акција
Собрани големи количини отпад во еколошката акција „Генералка викенд“. Целта е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата.

Мај 11, 2022
Инфраструктурни проекти
Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и фирмата задолжена за надзор на изведбата на ул „Јане Сандански“ и „15 Корпус“ вршат увид на техничките пропусти кои се јавуваат по повеќе од една година по реконструкцијата на овие сообраќајници. Санацијата ќе ја вршат изведувачите на градежните работи, а трошокот е на нивен товар, информираат од локалната.

Мај 11, 2022
Сообраќај
Сообраќајната култура е на ниско ниво во нашата средина.На светскиот дена на културата во сообраќајот за намалување на сообраќајниот хаос е потребно зголемено внимание на сите учесници на јавните површини.

Мај 11, 2022
Социјала
Црвен крст Охри спроведува обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма.

Мај 11, 2022
Национални паркови
На 23-ти мај 2022 година (понеделник), ЈУНП Галичица, ќе организира Отворен ден „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“.

Мај 11, 2022
Безбедност на вода
Плажите на брегот на Охридското езеро и оваа сезона мора да бидат безбедни за посетителите. Сеуште не се знае како ќе функционираат.

Мај 10, 2022
Организација на потрошувачи на Македонија
Со помош на ОПМ и претставници од повеќе области се детектираат специфичните проблематики за секоја општина и се усогласуваат со оние од ЕУ. Програмата во секоја општина треба да заживее и да ги штити интересите на потрошувачите.